Дали власта ќе спроведе истрага за евентуална корупциска врска меѓу поранешните градоначалници во минатите 10 години и некогашните концесионери кои потоа станаа узурпатори на државна земја ?
Зошто никој до сега не ги допре плажите кои не плаќаа милиони на државата и дали тука имало поголеми интереси ? Како и дали против сегашниот градоначалник Константин Георгиевски одредени центри водат хајки по медиуми и социјални мрежи бидејќи го спроведува законот и веројатно не е корумпиран за да замижи ?
Продолжува акцијата за уривање на бесправно изградените објекти на потегот кај плажата „Корали“ до денес остранети се платфоримите и објектите кај плажите : Atlantic Beach, Лагадин 9 , 10 , Макотекс , Немо, Акапулко , Перко Зорпалче , Џулиет и др.
Денес Полицијата го затвори патот после мостот и се отстрануваат платформите на угостителските објекти Куба Либре , Кадмо и Бела виста….
На сите овие плажи концесиите им се истечени од 2017 а на некои 2018 година , од тогаш па се доденес овие плажи работат без денар да платат на Општината .
Дел од плажите во тоа време и кога имале концесија не плаќале кон општината, Општина Охрид има поднесено тужби за следните плажи за неплатена концесија.
-Куба Либре –1.909.440 денари -Кадмо1.289.520 денари -Потпеш 343.710 денари -Диокан извори 199.860 денари …
Сите овие а и други плажи преку “Охридскиот еснаф” пробаа да истуркаат уште една сезона без да платат денар на Општина Охрид .
Советниците на Вмро Дпмне и Сдсм му дадоа подршка Градоначалникот Константин Георгиески и заедно застанаа против предлозите на “Охридски Еснаф” со што се стави крај на политичките игри на сопствениците на дивоградбите.
Овие се плажите на кои Општина Охрид од 19.06.2017 година има издадено решени за уривање : Плажа Куба Либре , Плажа Кадмо Фаланга Алфа , Плажа Бела Виста , Плажа Канео Извори, Плажа Потпеш ..
Ова се плажите со истечени договори и предвреме раскинати договори поради неплаќање :
Плажа Куба либре : 08.06.2012 – 08.06.2017 Плажа Кадмо : 09.07.2013 – 09.07.2017 Плажа Бела Виста : 09.07.2012 – поради неплаќање предвреме раскинат на 03.09.2015 Плажа Канео : 31.05.2012 – 21.05.2017 Плажа Потпеш : 15.06.2012 – 15.06.2017 Плажа Немо : 10.07.2012 поради неплаќање предвреме раскинат 03.09.2015 Плажа Перко-Зорпалче 06.2013 до 06.2018 Плажа Џулиет 06.2015 до 06.2018 Плажа Акапулко 06.2015 до 06.2018 …
Зошто никој до сега не ги допре плажите кои не плаќаа милиони на државата и дали тука имало поголеми интереси помеѓу Градоначалниците и узурпаторите на плажите !?