Георгиески: Плажата”Куба Либре” работела без концесија и остварувала приходи на државно земјиште на штета на општината и државата

⚠️Најостро ги демантирам тврдењата на адвокатите и менаџерскиот тим на фирмата поранешен концесионер на плажата “Куба Либре” дека не добиле известување за отстранување на бесправните објекти во кои обавуваат угостителска дејност.

➡️Решението за отстранување на објектите е издадено уште во 2017 година, а последното известување за отстранување на објектите од страна на Општина Охрид е доставено до фирмата пред десетина дена.

➡️ Исто така, јавноста преку медиумите, неколку пати до сега беше информирана за целиот процес на отстранување на објектите од плажите и до сега неколку пати беше потенцирано дека ќе се пристапи кон отстранување на плажите во градската зона и дека нема да има никакава селективност во постапките.

➡️Целосно манипулативна е изјавата од фирмата поранешен концесионер, дека бил изнајден начин за подмирување на закуп на земјиштето и дека имале платено кирија до 2021 година. Тоа е целосна лага!
⚠️Потенцирам дека станува збор за присилна наплата согласно закон и по основ на Судска пресуда по признание за стекнување без основ, со извршно решение.⚠️
Се работи за минимален износ на наплатени средства кој е значително помал во споредба со износот кој би бил наплатен за реален закуп односно концесија на земјиштето.

➡️Плажата”Куба Либре” работела без концесија и остварувала приходи на државно земјиште на штета на општината и државата. И покрај тоа што немале активен договор за концесија, непречено објавувале угостителска дејност, остварувале приходи и извршиле доградување и проширување на објектите со што узурпирале атрактивно земјиште од крајбрежјето и граделе платформи во езерото.

➡️Наместо да даваат паушални изјави со кои сакаат да ја извртат вистината во своја корист, треба конечно да разберат дека времето на незаконско работење на плажите истече и дека нивните бизнис интереси повеќе нема да бидат над законите и интересите на Охрид.

✅Остануваме посветени на почитување на законите и исполнување на препораките на УНЕСКО за зачувување на Светското природно и културно наследство.