Охридската градска библиотека со летно работно време

Градската библиотека- Григор Прличев започнува со работа Во терминот од 08:30 до 16.00 часот. Библиотеката ќе работи со читатели кои ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги.


Од НУ Библиотеката „Григор Прличев“ информираат дека во текот на летото во одделението за издавање на книги ќе можат да се зачленат и лица кои ќе имаат подолг престој и одмор во Охрид.