Во Охрид денеска времето ќе биде влажно, променливо облачно, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења и услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Дневната температура ќе се движи од 18 до 28 степени. УВ индексот ќе биде 7.