Нема ниту еден починат од ковид – нови 8 заразени!
Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а еднствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме, велат од Министерството за Здравство.
Денеска за прв пат по 2 септември лани во земјава нема регистриран смртен случај како последица од ковид во 24 часа, соопштија од Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 3 068 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи од: Скопје – 3, Тетово – 2, Велес, Кичево и Охрид- по 1.
Фб. ЈЗУ Општа Болница Охрид