Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер , долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.
Во Охрид ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер до 20 км/ч. во утринските часови а потоа ќе се намали до 13 км/ч . Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Како што најави УХМР, во вторник ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен северен ветер. Потоа ќе преовладува значително потопло време со дневни температури кои на места ќе бидат над 30 степени.