Турските цариници запленија еден тон кокаин скриен во контејнери со банани, што според турскиот министер за трговија Мехмет Муса е најголемата количина кокаин досега запленета во земјата.
Кокаинот е запленет во пристаништето Мерсин на југот на Турција, на брод регистриран во Либерија, кој што пристигнал во тоа пристаниште од Еквадор, се наведува во соопштението на канцеларијата на гувернерот на Мерсин, а пренесува Хуријет.
Цариниците ја започнале операцијата по извештајот дека брод што пловел од Еквадор носи еден тон кокаин, се додава во соопштението.
Дрогата била скриена во 1.000 пакувања сместени во контејнери со банани.
Минатата година е запленета рекордна количина наркотици во рамките на операциите против наркотици во Турција, а уапсени се и најголемиот број осомничени за трговија со дрога.