Ја испратиле да го убие – таа се заљубила во него: Љубовната приказна на Фидел Кастро и агентката е пошокантна од филм

Животот на покојниот Кастро беше повозбудлив и потурбулентен од многу филмски приказни, а дел од него беше романсата полна со изненадувања, страсти и порази.

По смртта на Фидел Кастро, водачот на кубанската револуција, честопати се појавуваат нови детали во медиумите и се повеќе сведочења за него и неговиот интригантен живот, а меѓу оние кои се појавија беше и неговата поранешна љубовница Илона Марита Лоренц. Тоа го стори неколку дена откако Кастро почина, а нејзиното признание – кое на моменти наликува на филмска приказна – го остави светот без зборови.

Пензионерка која почина три години по Кастро, поранешна агентка на ЦИА, откри во ексклузивно признание за „Радар онлајн“ дека во 1959 година, како 19-годишна девојка, еден месец по Револуцијата, пристигнала во Хавана со бродот МС Берлин. 

Го привлекла вниманието на Кастро, но и тој веднаш ѝ се допаднал.

– Како прво, јас бев многу млада, а Фидел беше висок и убав – се сеќава Марита.
– Ме привлече штом го видов. Се бакнавме меѓу двата чамци за спасување… Бев целосно заљубена во него.

По неколку телефонски разговори, Марита се вратила на Куба, пишува RadarOnline и се преселила во пентхаусот на Кастро. Неколку недели подоцна таа останала бремена.

Сепак, во седмиот месец од бременоста, Лоренцо тврди дека ЦИА ја отрула и дека ѝ била прекината бременоста, а потоа се вратила во Њујорк да се опорави. Марита тврди дека едно утро се разбудила опкружена со агенти на американската агенција ЦИА и ФБИ и дека тие го обвинувале Фидел за смртта на нивното неродено дете.
„Тие ја убедиле да се врати кај Кастро и да го отруе со арсен“, наведува порталот.

– Тие сакаа да го „неутрализираат“, да го елиминираат затоа што тој беше комунист и инфилтриран комунист во САД – тврди Марита.

Таа додава дека наводно се согласила да го убие својот поранешен љубовник, но дека се плашела да не најдат отров во нејзиниот багаж на аеродромот во Хавана, поради што ги ставила апчињата во крем. Тие се распаднале и Марита останала без оружје.

„Бев млада“, вели Марита. – Плачев за сето тоа. Плачев затоа што го сакав Фидел, затоа што го изгубив и се најдов во таа позиција.

Сепак, нејзината љубовна приказна не заврши тука. Како што понатаму тврди, кога се вратила на Куба во 1981 година, Кастро ја запознал со еден млад човек по име Андре, кој всушност бил – нивниот син!

– Во ред е се’ со бебето. Бебето сега е големо момче – наводно ѝ рекол Кастро на англиски јазик.

Таа понатаму тврди дека во тој момент паднала на колена и го замолила Фидел да го земе со себе синот, но Фидел не ѝ го дозволил тоа затоа што тој наводно верувал дека и неговиот живот е загрозен.

извор:GLOSSY