Според податоците добиени од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се осум нови случаи со Ковид-19 и тоа : Скопје – 3, Струмица – 2, Куманово, Велес и Кичево – по 1. Во однос а тоа колку лица починале од корона вирусот, не се регистрирани податоци
Охрид денеска е без нов регистриран случај на Ковид 19 , во моментов во градов се лекуваат 14 лица, а Регистрирани се 72 оздравени пациенти од : Скопје – 23, Куманово, Прилеп и Кичево– по 7, Гостивар и Охрид – по 6, Битола – 5, Тетово – 4, Радовиш – 3, Штип – 2, Струмица и Дебар – по 1, соопшти Министерството за здравство.