РЕКОНСТРУИРАН БАЗЕНОТ ЗА ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА ВО БОЛНИЦАТА СВЕТИ ЕРАЗМО

Заврши реконструкцијата на базенот за физикална терапија во Специјалната болница за трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Конечно се создадени соодветни услови за пациентите од поширокиот регион. Сите кои имаат потреба за лекување ќе  можат да ги користат специјалистичките услуги на современиот центар за физикална терапија  за лекување на болести поврзани со нарушени моторни функции кај човековото тело.

Со проектот на Центарот за развој на  Југозападниот регион  чија вкупна вредност е осум милиони денари, извршено е  комплетно осовременување на машинскиот и  базенскиот дел, поставени се нови плочки и сончеви колектори, а направени се зафати и кај електричните инсталации и врз самиот градежен објект со цел да се подигне неговата енергетската ефикасност.

„Во болницата Свети Еразмо направени се реконструкција на кровот кај базенот, врати и прозори, плочки термотехнички инсталации има за згаревање на водата до 32 степени. Тоа е за хидротерапија на пациенти кои имаат тешки проблеми и деца со сколиоза“, вели Мирјана Лозаноска директор на Центар за развој на Југозападниот плански регион.

Од болницата Свети Еразмо, задоволни што базенот за физикална терапија е завршен и наскоро планираат да го стават во функција за потребите на нивните пациенти. Над десеттина години во болницата немаше вакви услуги заради големите трошоци, со ова осовременување трошоците за функционирањето на базенот ќе бидат незначителни.

„Сметаме дека овој проект има позитивно социјално влијание не само за Југозападниот регион туку и на анционално ниво бидјеки има пациенти од цела држава и од соседните држави. Проектот е во согласност со зелена агенда користиме мерди на енергетска ефикасност, соларни панели и топлотни пумпи кои ке ја загреваат водата“, додава Лозаноска.

Средствата за овој проект се обезбедени од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа и истиот е избран преку регионалните форуми на заедницата.