ОБУКА НА ВОЗДУХОПЛОВНИОТ ВИНГ ВО ОХРИД

Од денеска  до  петок ( 25.06 2021 г.) воздухопловниот ВИНГ на АРМ, на крајбрежјето на Охридското Езеро ќе изведува Летачка обука над водени површини со два хеликоптери Ми-8/17.

Како дел од активностите на воздухопловниот ВИНГ, а во соработка со локолната самоуправа од Охрид  во четврток (24.06.2021г.), во период од 16 до 19 часот пред Кампот за обука  на АРМ кај каналот „Студенчишта“ се планира реализација на „Отворен ден за јавноста“ каде што граѓаните ќе можат да видат дел од  леталата и опремата со која што располага Воздухопловниот ВИНГ.

Обуката е дел од Годишниот План  –  Календар за Обука на Воздухопловниот ВИНГ . Активноста  е дел од подготовките за планираната НАТО вежба за кризен менаџмент „Северна Македонија 21“ водена од НАТО – Евроатлантскиот центар за координација за одговор при катастрофи (NATO EADRCC) и ЦУК која треба да се реализира во  месец  септември 2021 година во Охрид.

Неколкудневната обуката на воздухопловниот ВИНГ се реализира во соработка со Општина Охрид и  Планинарската  спасителна служба при охридскиот Црвен Крст.