Никој не рушел повеќе дивоградби од СДСМ и од моменталниот градоначалник на Охрид, одговори на прашањето премиерот Зоран Заев за тоа како го коментира предлогот на УНЕСКО, градот Охрид да да биде ставен на листата на светско наследство во опасност.
Заев потенцира дека плажите во Охрид се срамнети и го поздрави тој потег.
– Сите бетонски платформи се урнати и сега конечно се постапува. Сакаме во последните 2 години да ги исправиме сите неправди во последните 30 години. Институциите постапуваат. Државата определи буџетски пари за да помогне на општините за да рушат и извршуваат, истакна Заев во емисијата „Топ тема“.
УНЕСКО донесе предлог-одлука Охридскиот регион да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност, а ваквата одлука треба да се формализира на состанокот на Комитетот за светско наследство во Фужоу, Кина, кој треба да се одржи од 16 до 31 јули.