Aтлетичарот на АК„Охрид“ Јован Стојоски ќе ја претставува Македонија во атлетика (400 метри) на Летните Олимписки Игри што од 23-ти јули до 8-ми август ќе се одржуваат во Токио, одлучи Македонскио олимписки комитет (MOK).
Јован Стојоски периодов наназад постигнуваше одлични резултати и освојуваше медали на трки во сала и на отворено. Тој е државен првак, рекордер во пет дисциплини и стипендист на MOK. Последен негов успех беа сребрениот медал на 400 метри и бронза на 200 метри на Европското екипно првенство што се одржа во Лимасол, Кипар.
По охриѓанецот Реџеп Селман кој во 2008 година учествуваше на игрите во Пекинг во дисциплината трискок, Стојоски е втор атлетичар од АК „Охрид“ кој ќе учествува на Олимпијада.
Покрај Стојоски, со вајлд карта се здобија и добија каратистката Пулексенија Јованоска, Бранко Бранковски во спортско стрелаштво и Филип Дерковски и Ева Петровска во пливање. Со исполнета „А“ Олимписка норма во Токио ќе се натпреваруваат Дејан Георгиевски – Таеквондо и Магомедгаджи Нуров – Борење слободен стил.