Денес, припадниците на посебната и автохтона етничка заедница ЕГИПКАНИ, го слават 24 Јуни-Меѓународниот ден на Балканските Египкани.
Овој ден, преставува своевидна симболика на непокорот на Египканите, како убедливо најдискриминирана и најнеинтегрирана етничка заедница во Македонија, да не се асимилираат и претопат во други етникуми, и слика дека за жал, во Македонија сеуште егзистира Дискриминацијата како општествен феномен, заедно со сегрегацијата, предрасудите, стереотипите кои се типични Антиевропски елементи. Навистина, не можеме да најдеме соодветен одговор, како покрај толку празници регулирани со Законот за Празници, не се најде во склоп на Законот за Празници и 24 Јуни-Мегународниот ден на Балканските Египкани??? Се прашуваме, дали ние Египканите како лојални грагани на Македонија не го заслужуваме тоа, и дали на нас се гледа само како гласачка машинерија која треба да гласа и некому да му обезбеди удобна фунција???Крајно антиевропски и некорекно.
Сепак, природното право да го славиме овој наш празник, на свој својствен начин , нема никој да ни го забрани.Борбата продолжува-Нека ни е честит и вековит, истакна Дипл.правник Демир Далип.