СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишната Д.Н. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Пријавената, на 10.06.2019, без одобрение на оштетената Т.М. од Охрид, ја земала нејзината лична карта и ги злоупотребила нејзините лични податоци за подигање на кредит од финансиско друштво во износ од 80.000 денари.