Бројот на жртви при уривање на облакодерот во Сурфсајд, Флорида, се искачи на петмина, а други 156 лица се сметаат за исчезнати, објави градоначалникот.
„Спасувачките екипи пронајдоа уште едно тело во урнатините, а во потрагата беа пронајдени и други човечки остатоци“, рече гувернерката на округот Мајами-Даде, Даниела Левин Кава на прес-конференција.
„Ова значи дека бројот на исчезнати лица е намален на 156, а бројот на потврдени смртни случаи се искачи на пет“, додаде Левин Кава.
12-катната зграда во Сурфсајд делумно се сруши во четвртокот, а потрагата по можни преживеани сè уште трае.