Со децении градоначалниците на Охрид немаа слух за потребите на Египќаните, и попрецизно речено ги изигруваа и даваа лажни ветувања кон оваа заедница, која сега конечно се фкаторизира во политиката и се етаблира во општествениот живот, кажува Д.Далип
Тој оцени дека Локалната самоуправа и здружението на Егишќани ПИРАМИДА ЗЕМ во Охрид , со отворањето на „Клубот на Египќаните“ направиле нешто што никој пред нив не го постигнал.
Имено, од здружението информираат дека на една мала етничка заедница која е игнорирана во општествениот живот на градот, а граѓаните не се третираат соодветно – потребен беше ваков клуб кој ќе им овоможи на египќаните лесен и едноставен пристап до информации, податоци и обраќање за секакви проблеми и потреби од секојдневниот живот така што во најтесниот круг на здружението членуваат дипломирани правници, економисти, сообраќајци, па и самиот советник кои заедно како тим нудат еден вид на бесплатна правна помош на нивните сограѓани.
Покрај тоа овој клуб има за цел да продолжи да ги негува културно-фолклорните и уметничките традиции на египќаните, како и да го поддржува спортот и спортскиот дух на младите египќани.
Пирамида ЗЕМ-Охрид се потпишува и како директор на неколкуте документарки за животот на египќаните во Македонија и овие документарки активно кружат по телевизиските и интернет медиумите со цел потктревање на јавната свест за постоењето на египќаните како и зголемување на интересот за ваквите мали етнички заедници бидејќи секој ден истите се соочуваат со раазни манипулациии од други поголеми етнички заедници.
Активностите на овој клуб допрва ќе почнат, сигурно не застануваме тука. Јас искрено се надевам соработката со локалната самоуправа ќе продолжи , бидејќи навистина имаме потреба од таа поддршка за да можеме да продолжиме кон остварување на нашите цели – соопшти претседателот на здружението А.Демироски -Бено