Општина Охрид упатува апел до сите охриѓани кои узурпирале јавни површини сопственост на РСМ со поставување тврди сообраќајни препреки како што се рампи, синџири, „триаголници“ за забрането паркирање или други ознаки во најскоро време да ги отстранат истите.
Во спротивно нелегално поставените препреки од понеделник (05.07 2021 г.) ќе бидат отстранети од надлежните служби на Општина Охрид.
Нелегалното поставување на сообраќајни препреки на јавни површини може да се пријавува на адреса: inspektorat@ohrid.gov.mk