Конкурс за најдобар расказ

По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот:

КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ

Услови за учество на Конкурсот:

  1. Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Северна Македонија;
  2. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ;
  3. Авторското право се докажува со четвртиот примерок;
  4. Краен рок за доставување на трудовите е 30.07.2021 г.;
  5. Жири – комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 06.08.2021 г.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно Велгошти.

Доставените трудови не се враќаат.