Градоначалникот на Охрид Константин ГеоргиескИ, на вчерашната трибина нагласи дека во изминатите неколку години се реализирани број проекти, издвојувајќи ја реконструкција на улиците и реновирањето на средните и основните училиштата во општина Охрид.
Го реконструиравме влезот во градот од страната на Ресен, ја завршуваме улицата Абаз Емин која со години беше игнорирана, таму за десет дена ќе ја завршиме реконструкцијата“, рече Георгиески.
Тој нагласи дека изминатите две години со силна посветеност се исполнуваа препораките на УНЕСКО.
Посебно сум горд што успеавме да го имплементираме владеењето на правото во целост, затоа што реализирањето на препораките на УНЕСКО е дел од владината агенда Европа дома и порано или подоцна тоа мора да се заврши, меѓутоа ние сме такви и ќе го реализираме тоа порано а не подоцна“ порала Георгиевски.
Исто така ,нагласи дека плажите оваа година за прв пат по долги години ќе се користат слободно од сите граѓани и туристи кои ќе летуваат покрај нашето преубаво Охридско Езеро, а наскоро ќе се предвидат локации каде може да се стопанисува со плажите, ќе имаат и типизирани шанкови, без да биде дозволена дополнителна узурпација.
Работиме одговорно и домаќински, со темелен пристап и голема упорност, остануваме посветени и продолжуваме да инвестираме во современ урбан развој на Охрид и обезбедување на подобри услови за туристички напредок, порача градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, на трибината на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“.