ФИЗИБИЛИТИ АНАЛИЗАТА ЗА ОЦЕНКА НА ОПРАВДАНОСТА ЗА ДОЛГОРОЧНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА ОПШТИНА ОХРИД

По спроведениот јавен повик за пријавување на доверители и спогодбено откажување на камати како и одобрените финансиски средства од страна на државата со кои делумно се намали долгот на општината, а со цел реализација на процесот на раздолжување, нејзина финансиска консолидација и почеток на нов развоен циклус односно создавање на услови за долгорочно планирање и инвестирање во реализација на проекти, а согласно член 20 од Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа,ОПШТИНА ОХРИД на општинската веб страна ја објавува:

ФИЗИБИЛИТИ АНАЛИЗАТА ЗА ОЦЕНКА НА ОПРАВДАНОСТА ЗА ДОЛГОРОЧНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА ОПШТИНА ОХРИД

како основ за вклучување на граѓаните со искажување на свои ставови, мислења и предлози за издржливоста на одлуката за раздолжување по пат на кредитно задолжување од деловна банка.

Граѓаните, своите ставови, мислења и предлози може да ги достават во електронски формат на официјалната електронска адреса на Секторот за финансиски прашања finance@ohrid.gov.mk најкасно до 19 Јули 2021 година.

На ден 20 Јули 2021 година(вторник), со почеток во 12 часот во големата сала во зградата на општина Охрид ќе се одржи ЈАВНА РАСПРАВА на која ќе се дискутира за придобивките и ризиците од ваквиот начин на раздолжување дадени во објавената физибилити анализа како и заедничко разгледување на мислењата и сугестиите на граѓаните доставени на горенаведената електронска адреса.

Прилог: Физибилити анализа за оценка на оправданоста за долгорочно задолжување на општината