Се промовира најновиот видео запис на младиот охридски артист Благој Шикоски-Багзи, за темата „НА ПОД“ која е комплетно негово авторство.

Овој нов проект е нешто поразлично од претходните негови песни. Песната и спотот се во продукција на MECKA WARRIOR PRODUCTION. Спотот претставува втор видео запис од опусот на Багзи.

Видео записот изобилува со многу специјални ефекти и затоа вреди да се погледне. Целокупниот производ од песната и спотот навистина изгледа светски.