Крајно алармантно бетонирањето на брегот на Охридското Езеро, Светско Наследство на УНЕСКО. Граѓаните пријавуваат за пет викендички на кампот Ливадиште кои што по се изгледа се градат од страна на градоначалникот и неговите блиски, на земјиште во сопственост на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Заменик директорот на ЕСМ исто така е член на ДУИ, алармираат од Алијанса за Албанците.
Овој нов криминал во урбанизмот и животната средина се случува само после една недела откако нивната партија го објави своето ребрендирање во зелена партија. Ја повикувам јавно Владата на Северна Македонија веднаш да ја запре оваа нелегална градба, додека, инспекторатот и обвинителството да обезбедат преземање на соодветни мерки против нарачателите, велат од АА.
извор: Aлијанса на албанците