ОТВОРЕН СОВЕРЕМЕН ЦЕНТАР ЗА ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА ВО БОЛНИЦАТА „СВ. ЕРАЗМО“

На пригодна свеченост, денес, беше ставен во функција реконструираниот современ центар за физикална терапија во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” – Охрид.

Реконструкцијата и опремувањето е реализирано со средства обезбедени преку грантовата шема за инвестициски проекти во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.

На свеченоста пригодни обраќања имаа градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, министрите Венко Филипче и Горан Милески, како и директорот на Јзу „Св. Еразмо“, Ацо Велески и  раководителката на Центарот за развој на Југозападен плански регион, Мирјана Лозаноска. Исто така на отворањето обраќање имаа и Рамис Мерко, претседател на Советот за развој на Југозападен плански регион и Нејзината Екселенција Сибиле Сутер Тејада, Амбасадор на Швајцарија во Република Северна Македонија.