Вчера во СВР Охрид, пријавен е помор на риба во рибник кај месноста Речица, во близина на охридското село Куратица.
По овластување на јавен обвинител, увид извршија полициски екипи при што, констатирано е дека се работи за помор на околу илјада килограми речна пастрмка случен поради недостиг на вода која рибникот ја добивал од река, предизвикан од градежни работи односно ископ во близина на речното корито за изградба на хидроцентралата „Извор”, соопштуваат од СВР Охрид.