Како резултат на крајно поволните бројки кои во последниов период ги заокружува Јавното претпријатие “Градски Гробишта” од Охрид, реши да ги намали цените во своите услуги.
Имено како што истакнуваат од таму, произведени се првите 10 илјади киловати електрична енергија, а како резултат на заштедата на електрична енергија преку фотоволтаичната централа, ќе ги намали и цените на своите услуги.
-Вкупно се произведени 10 300 илјади киловати, аналогно на тоа заштедена е електрична енергија а зголемена е и продуктивноста во работата, па одлучивме да ги намалиме цените , особено во најголемиот делот на користење на капелата каде тука се намалува цената за цели 15 проценти, истакнува директорот на ова јавно претпријатие Ванчо Костоски.
Како што додава Костоски, ваквата практика ќе продолжи и понатака со намалување и на останаите услогу кои ги нуди ова претпријатие.