Мојот главен фокус останува на приоритетните потреби на граѓаните и најдоброто за Охрид!
Решаваме децениски проблеми, инвестираме во инфраструктура, вложуваме во образование, ги подобруваме условите за туристички развој.
Иако се уште сме далеку од почетокот на предизборна кампања, упатувам честитки до Кирил Пецаков за изборот за кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Посакувам да имаме достоинствена политичка дебата, со високо ниво на култура и почит.
Сметам дека како политичари и носители на функции во текот на претстојниот период треба да продолжиме да работиме за интересите на Охрид, а како кандидати за градоначалник да покажеме сериозност и да ја поштедиме јавноста од здодевна и негативна кампањска реторика.
Да сме здрави и живи, се гледаме на избори!✊