СВИКАНА ШЕЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

ЈА СВИКУВАМ шеесет и првата седница на Советот на општина Охрид на ден 22.07.2021 година (четврток) со почеток во 11:00 часот.

Седницата ќе се одржи во големата сала во зградата на Општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

Усвојување на Записникот од 60-та  седница 

  1. Предлог – Одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на работното време на вработените во јавната општинска установа за деца – детска градинка „Јасна Ристеска“ – Охрид.
  2. Предлог – Одлука за формирање групи во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број.
  3. Предлог – Одлука за давање согласност на одлуката за пренамена на финансискиот план на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид за периодот од 2021 година.
  4. Предлог – Одлука за давање согласност на измените на годишниот план за вработување на ООУ„Григор Прличев“ – Охрид за 2021 година.
  5. Предлог – Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување на ООУ„Григор Прличев“ – Охрид за 2022 година.
  6. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на одлуката за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште бр.08-4086/68 од 28.04.2021 година.
  7. Предлог – Одлука за отстапување на времено користење простор и спроведување постапка за формирање на Младински центар – Охрид.
  8. Предлог – Одлука за долгорочно задолжување на општина Охрид.

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Живка Ангелоска