Охрид и охриѓани заслужуваат конструктивна политичка дебата со високо ниво на култура каква што им доликува на кандидати за градоначалници на убавиот Охрид.Како кандидат за градоначачалник на Охрид најавувам дека како и досега ќе продолжам со позитивна кампања и моето појавување пред јавноста и кај граѓаните ќе биде гордо и достоинствено преку презентирање проекти и она што им е потребно на охриѓани.Изразувам благодарност за упатените честитки од кандидатот на СДСМ, Константин Георгиески и воедно упатувам искрени честитки за неговата кандидатурата.Време е за промени.Охрид за сите луѓе, пишува Пецаков во својата ФБ објава.