Заврши процесот на присоединување на Охридска банка кон Шпаркасе банката кој треаеше нешто повеќе од година дена . Процесот на преземање траеше речиси две години, и на македонскиот пазар создава уште една банка која ќе влезе во групата големи.
Интегрираната Шпаркасе сега ќе опслужува над 140.000 клиенти, ќе има 35 експозитури и стотина банкомати низ цела држава. Активата на банката изнесува 1,15 милијарди евра и ќе биде слична поддршка за македонската економија.
Австрискта Шпаркасе постои веќе 200 години, а во земјава влезе во 2008 година, а присутна е и во целиот регион. Во Западен Балкан има 2 милиони клиенти, имот од 16 милијарди евра и над 6000 вработени.