Денес на протоколарна средба со градоначалникот на Охрид, беше Амбасадорот на Израел, Дан Оријан. Традиционално на средбата беа потврдени добрите и пријателски релации на Охрид со државата Израел и одличната меѓусебна соработка.
На средбата се разговараше и за продлабочување на соработката во повеќе области, помеѓу кои се образованието и туризмот.
Инаку, поради завршување на мандатот ова е последна официјална посета на Дан Оријан во Охрид, како амбасадор на Израел во Република Северна Македонија.