Во текот на вчерашниот ден од страна на Ј.П. Македонија пат, Јавната установа Национален парк Галичица и изведувачот на работите за реконструкција на регионалниот патен правец Р 2332 Царина – спој со Р 1301 Охрид – Свети Наум јавноста беше информирана дека истиот ќе биде целосно затворен за сообраќај за сите моторни возила во наредните десет денови, во периодот од 23/07/2021 до 07/08/2021 поради реконструкција на коловозна конструкција. Затварањето на патниот правец е заради потребата од реконструкција, а истовремено и обезбедување на сигурност и безбедност при вршењето на градежните активности кои ќе следат во гореспоменатиот правец, а ќе бидат изведувани од страна на А.Д. Илинден – Струга.
Поради бројните реакции кои пристигнаа до Јавната установа Национален парк Галичица, а и заради обезбедување на непречен транзит низ Националниот парк, секако во согласност со безбедносните мерки кои треба да се преземат при вакви активности, беше извршена комуникација со изведувачите на работите следствено на што ја известуваме јавноста за следното:
· Регионалниот патен правец кој води преку Галичица ќе биде затворен за секаков сообрајќај, секој ден на делницата од Баба до Царина (преспанска страна) од 8 до 17 часот. После 17 часот патниот правец ќе биде отворен за сообрајќај и на оваа делница, при што истиот ќе биде обезбеден со лица од страна на изведувачот на работите и соодветна сообрајќајна сигнализација.
· Од Охрид до Баба регионалниот патен правец ќе биде отворен за сообрајќај во девете насоки.
Како што беше наведено во информацијата за јавност лиферувана во текот на вчерашниот ден овој регионален патен веќе подолго време не беше реновиран и оддржуван, а од друга страна истиот е многу користен од бројни љубители на природата кои го посетуваат Националниот парк, парагладеристи и луѓе кои само транзитираат низ Паркот. Преку активна комуникација меѓу ЈУНПГ и општините на чија територија се протега Паркот, како и Ј.П. Македонија пат, беше одлучено дека оваа година истиот ќе биде реновиран.
За потсетување оддржувањето на патот е во ингеренција на Ј.П. Македонија пат и неговото редовно оддржување и проодност е од големо значење за развојот на планинскиот туризам во регионот. Преку оваа активност ќе се обезбеди модерен и безбеден правен патец кој ќе биде од голема корист за сите жители на регионот и за сите вршители на дејност во Националниот парк.