По втор пат станувате претседател на СДСМ Охрид, партија во која сте цел ваш живот. Вашето доаѓање во партијата нескриено емотивно, со голема симболика, искрени поенти, па дури и солзи. Зошто вакви емоции во политиката кога тоа е работа каде треба да се биде ладнокрвен.
„Затоа што ние на локално ниво не водиме меѓународна политика која се однесува на рекомпонирање на светот и односи меѓу големите сили, туку нашата локална политика се однесува на рекомпонирање на нашиот живот. Кога ќе речам нашиот живот не мислам на мојот приватен живот туку на нас жителите на Охрид, сите ние кои живееме во овој прекрасен град, кој колку што е убав толку е и оптоварен со големи проблеми кои не се решаваа со децении, па сега дојде време да се решава се што се оставало на страна со години. Е затоа на настаните во Охрид има и емоции и солзи радосници и гушкање и се што нема кога се состануваат на пример на некој меѓународни самити на светско ниво. Ние сме локални лидери, локални политичари кои треба да работиме со нашите локални луѓе кои живеат во Охрид и се соочуваат со локални проблеми. Едноствано ние не можеме никогаш да бидиме како Англичаните. Не велам ништо против Англичаните, тие се голема нација со големи заслуги за светот, но ние сме од Охрид и кај нас е поинаку. Има и емоции, и солзи и љубомора и љубов. Ние сме такви !
Каков е СДСМ Охрид денес во споредба со времето кога бевте прв пат Претседател на партијата ?
СДСМ Охрид е таков каков треба да биде во 2021 година. Времето кога ја водев партијата во Охрид прв пат е минато време и во меѓувреме поминаа други раководства кои остварија свои успеси и оставија свои траги во партијата. Се на светот секој ден се менува па така и партиите. СДСМ и целото општество во 2008 година беа во една состојба, денес се во друга сосотојба. Ние денес имаме други приоритети, други цели и поинакви предизвици од тој период. Можам само да кажам дека партијата во Охрид покажа висока политичка култура пропратена со единство кое не е само јавно демонстрирано туку е искрено. Мојот претходник Лазе Таневски замина на други партиски функции во Скопје, кои според статутот на СДСМ се неспоиви со функцијата во Охрид, значи тој тоа свесно го направи и статутарно дојде до негова смена . Што се однесува до неговата работа како Претседател на СДСМ Охрид јас не можам да кажам ни една забелешка. Совршенство не постои, не сум совршен ни јас ни никој друг, но ако зборуваме за генералната слика, Таневски во организациска смисла го одржа СДСМ Охрид во одлична состојба и тука треба да ставиме крај на тие непотребни дискусии кои се наметнуваат во медиумите и чаршијата, а само не одвлекуваат од работата и целите кои ги имаме поставено пред нас.
А кои се тие прироритети во 2021 година за кои зборувате ?
Тоа се приоритетите на новото време. За Охрид се економија и екологија, туризам … Екологијата во иднина ќе е една од најголемтие вредности за човекот. СДСМ како партија која повеќе е свртена кон иднината тоа го детектира уште кога беѓе во опозиција. Екологијата како во цел свет така и во Охрид ќе е прва вредност и тоа ќе го почитуваат сите наредни локални власти. Кога велам наредни мислам во наредните децении, и веројатно тој концепт ќе ги надмине и нашите биолошки жоивоти. Ние мора да се прилагодиме и да изградиме концепт кој ќе ги спои овие вредности во една целина со бизнисот. Тука секако се поклопува и заштитата од страна на УНЕСКО која е приоритет не само на градот туку како што гледате и на државата. Ако се создадат одредени не пријатни ситуации ( како што се создадоа ) ние мора да трагаме по решенија со кои ќе ги споиме економијата и туризмот со заштитата на природното и културното наследство. Како што реков се на светот се менува, па ќе се менуваме и ние и ќе осмислиме понуди кои ќе се спој на овие две нешта. Секој проблем треба да се реши, а не да се остава за некој да го решава некогаш, и секој проблем треба да се гледа како шанса. Ништо не е крај, се е почеток. Ако едно запре, друго ќе почне.
Според информациите од партијата Вие цело време имате средби со Месни одбори, со партиски тела и органи. Примате луѓе , остварувате средби. Зошто толку состаноци ?
За да се видам со целото членство на СДСМ. Јас сум цел живот во таа партија, сум ги поминал сите фази низ партијата од најниско до највисоко градско ниво. Нема да претерам ако кажам дека го познавам целото члентво, но сепак поминале години и добро е да остварам контакт со сите Месни комитети. Тие се основната клетка на СДСМ, партијата всушност е изградена на темелите кои всушност се месните комитети бидејќи од нив почнува се, па се оди нагоре кон условно речено кровот. Стабилноста и силата на која се крепи СДСМ се месните комитети. Секако има и нови луѓе, нова младина која „стасала“ во меѓувреме и која е иднината на СДСМ во Охрид. Тоа се млади, амбициозни луѓе со свои цели во политиката. Јас сум позитивно изненанден пред се од младите, новите генерации на новото време. Би рекол дигитални генерации, со далеку поголема слобода во размислувањето и зборувањето. Тие кажуваат што мислат, зборуваат, ние го слушаме нивниот глас и тоа ветува многу. СДСМ има младина која мисли со своја глава, продуктивно размислува и има јасна амбиција за одење напред, силно чекорејќи во иднината.
Каква е иднината на СДСМ во Охрид ?
-Одлична ! СДСМ е партија која секогаш во изминатите 30 години ги решава прашањата кои сите други избегнувале да ги решат додека биле на власт. Така беше со најтешкото државно прашање околу името и нашата интеграција во НАТО со нашиот најголем сојузник САД, така беше и 2001 кога СДСМ изигра клучна улога во воспоставувањето на мирот за сите граѓани, така е сега во Охрид кога власта на СДСМ ги решава проблемите кои со децении преходните гарнитури не само што не ги решија, туку се однесуваа како да не постојат. СДСМ е партија со визија, партија која секогаш , ама без исклучок е насочена кон реалноста на денешницата и планирањето на иднината. Е затоа СДСМ е иднината, барем во догледно време ќе е така.