Во рамките на проектот Поддршка на Изборните Реформи и во соработка со Национален Младински Совет на Македонија(НМСМ), Меѓународна Фондација за Изборни Системи(ИФЕС) и Швајцарска агенција за развој и соработка (СДЦ). Во склоп на истиот вчера се реализираше работилница на тема Центар за Млади во Охрид насловен “Ohrid Youth Hub” во Хотел UNIQUE Охрид.
Самата појдовна основа за овој проект е дека акцентот на младите денес, е нашата иднина утре.Центар за млади во Охрид е она кое ќе биде главен мотив, стимул и чекор напред за многу поголеми проекти и идни младински ангажмани.
Благодарност до учесниците на денешната работилница, а пред се и голема благодарност до Јован Јаулески за неговиот значаен придонес како млад пратеник во Собранието на Република Македонија, Весна Цветаноска -претставник на Граѓанска Организација – Инклузија и Димитар Манчев – Советник во Општина Охрид.
Јас верувам и знам дека Охрид може повеќе.
Мојата мотивација е по улиците, парковите и кафетериите да гледам млади луѓе, со ведар дух, спремни да се носат со ризиците на едно ново време, а од истите зависи какво истото ќе биде.
#supporttoelectoralreforms
Од младите, за младите! 🫂