Делегација на општина Охрид предводена од градоначалникот Константин Георгиески, во предвечеријето на големиот државен и христијански празник, Илинден, положи свежо цвеќе пред паметникот на Илинденците во Велгошти.
Свежо цвеќе пред спомен облежјето на Илинденците положија и политички партии, здруженија на граѓани како и поединци кои се поклонаа пред хероите. Вечерта дополнително беше збогатена со културно – уметничка програма.