Се известуваат инвеститорите, изведувачите и проектантите дека при издавање на одобрение за градење, за градежни парцели каде што има постоечки стари објекти кај кои што се применети материјали на база на азбест, се укажува дека при изработка на проект на рушење на вакви објекти потребно е да се постапува согласно член 75 од Законот за управување со отпад и Правилникот за начинот за постапување со отпад од азбест и со отпад од производи кои содржат азбест.
Тоа значи дека, азбестниот отпад треба да се транспортира исклучиво во затворени садови или вреќи, или затворени возила, отпадот да се собира и отстранува колку што е можно поскоро во соодветно запечатено пакување и обележано на начин кој укажува дека истото содржи азбест. На депонија отпадот од азбест се отстранува на однапред утврден простор за депонирање на азбест кој мора да биде видливо означен и наменет за депонирање на отпадот од азбест.
Во нашата држава, депонирање на ваков вид на отпад исклучиво врши депонијата „Дрисла“ од Скопје, кои единствено постапуваат со ваков вид на отпад согласно погоре наведените прописи и мерки.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ, ИЗВЕДУВАЧИТЕ И ПРОЕКТАНТИТЕ