Крводарителска акција по повод празникот Св.Климент Охридски

Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент, и оваа година ќе се реализира во спортската сала на ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид и тоа на 8 август (недела) во периодот од 19-24 ч. и на  9 август (понеделник) во периодот од 9-13 ч.

Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа традиционална крводарителска акција.

Дарувањето крв на оваа крводарителската акција ќе се одвива според  сите потребни протоколи и мерки за заштита од Ковид-19.

Црвен крст Охрид