Георгиески: Упатувам апел до граѓаните да бидат внимателни при престојот на отворено и да не палат оган во природа

🚒Територијалната противпожарна единица е екипирана и подготвена за делување на терен и до сега ги реализирала сите мерки за превенција од пожари на отворено во Охридскиот регион.

👩‍🚒Со охридските пожарникари претпладнево разговаравме за подобрување на условите за работа на службата, набавка на дополнителна опрема и возила.

✔️Охридската противпожарна служба, од почетокот на оваа година до денес реализирала над 180 успешни интервенции на територијата во Охридскиот регион

📢Упатувам апел до граѓаните да бидат внимателни при престојот на отворено и да не палат оган во природа, со цел да се спречат несакани последици.