Денеска беше завршено асфалтирањето на 3 краци на улица „Питу Гули“.
Градежните активности се дел од годишниот план за санација на уличната мрежа и асфалтирање на тесни улички на подрачјето на општината, во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште.
Асфалтирањето на улични краци ќе продолжи и во текот на наредниот период на уште неколку локации во градот и останатите населени места.