ОТВОРЕНО ПИСМО:ЕГИПКАНИТЕ КЕ БАРААТ ЗАГАРАНТИРАНИ СОВЕТНИЧКИ И ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА

Египканите, подготвено ке ги пречекаат евентуалните измени во Изборниот Законик. Не може да имате процес на институционална интеграција, доколку немате соодветен механизам да ги интегрирате припадниците на помалите етникуми. И, наместо мултиетничност, практично имате бинационализам во државата. Не смееме да заборавиме,.дека Македонија може да опстане исклучиво како мултиетничка и унитарна држава .

Во тој контекст, ке предложиме Египканите да имаат минимум по 1 загарантиран пратенички и советнички мандат. Оправданоста доага од фактот, дека на пример Египканите се втори по бројност, а може да останат без свој преставник, бидејки поголемите политички субјекти не секогаш се подготвени да ги стават на добиотни позиции, а познато е, каков се притисок им се прави пред и за време на избори. Патот до Собранието, за Египканите е ужќасно тежок. И, тука мора да има соодветни промени.Собранието , според Устав не брои фиксно 120 пратеници, ами е регулирано дека истото може да брои од120 до 140 пратеници.

Во интерес на ДЕМОКРАТИЈАТА, зошто да нема загарантирани пратенички мандати за Египканите, Бугарите, Црногорците, Хрватите, Русите, истакна граганскиот активист и активист за човековите права и слободи на Египканите, дипл.правник Демир Далип