Денеска имав можност да поразговарам со голем број граѓани кои на Градскиот плоштад под мотото ,,Биди и ти дел од развојот на Охрид” предложија свои идеи за програмата на локалните избори како кандидат за градоначалник на Охрид.
Одлични идеи за решавање на проблемите кои ги засегаат граѓаните, за промени и напредок, за нов развој на Охрид, напиша на Фејсбук кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, после денешниот настан на кој граѓаните можеа да ги дадат своите идеи кои ќе бидат дел од неговата програма.