Синоќа, во периодот од 22:00 до 04:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
– При тоа кај шест возачи било утврдено дека управувале моторно возило под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се прекршочни платни налози, информираат од МВР.