По 33-ти пат , денеска ќе се одржат Охридските староградски средби.
Ќе настапат 8 пејачки ансамбли од Охрид, Битола, Прилеп, Кичево, Штип, Кавадарци и Радовиш. Градот домаќин ќе го претставуваат градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ и фолклорниот ансамбл „Бисери“.
Фестивалот ќе се одржи на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:00 часот, согласно здравствените препораки и протоколите за организација на јавни настани со почитување на мерките за заштита од Covid-19.