Во селото Куратица, во тек е изградба и уредување на канал за дождовна канализација.
Инвеститор на ваквиот зафат е општина Охрид со градоначалникот Константин Георгиески а изведувач е ЈП “Градски Гробишта”.
Ова е уште еден , втор зафат на ова јавно претпријатие кој се изведува во село Куратица, а веќе во завршна фаза е и тендерот за водоснабдување.