Нашиот градоначалник Константин Георгиески е човек од акција и максимално посветен на интересите на Охрид. Постојано е на терен, го гледате секојдневно на улиците кои интензивно се реконструираат, помеѓу младите, на спортските и културните настани, низ чаршијата. Со еден збор тој е човек од народот, кој е насекаде каде има потреба, природен и непосреден. Како потврда за ова е и фактот што е воведен нов модел на отворена и услужна Локална самоуправа која подеднакво е посветена на сите граѓани, со високо и потврдено ниво на транапарентност во работењето.
Во претстојниот четиригодишен мандат ќе бидеме уште поблиску до вас граѓаните, посветени на вашите потреби. Воведуваме задолжителени редовни средби, секоја последна сабота во месецот, помеѓу градоначалникот и граѓаните. Воведуваме систем на побрза и полесна комуниакција со градоначалникот и Советот на Општината, преку дигитални системи и алатки, како и преку социјалните мрежи.
Воведуваме современа дигитализација која е средство за забрзана трансформација на администрација која е јавно отчетна, ефикасна и која ги поттикнува граѓаните да учествуваат во процесите на планирање и одлучување. Дигитализацијата, исто така, се однесува на поодговорна комуникација со граѓаните и достапност на документи во дигитална форма.
Ги унапредуваме проектите „Пријави проблем“ и „Ваш реонски општинар“ преку кои граѓаните можат да пријават проблеми или да се обратат за било каква потреба во општината. Воведуваме современ систем на поголема онлајн достапност до сите информации и документи и го зголемуваме бројот на дигитални општински услуги.
За нас граѓанскиот сектор е рамноправен партнер во демократскиот, политичкиот и социјалниот развој. Обезбедуваме услови за развој на граѓанското општество, услови за вклучување на засегнатите граѓани во сите релевантни теми за локалниот развој и имплементација на локални политики.
Како коалиција нудиме реална програма и остварливи проекти посветени на сите граѓани.
На 17 ти октомври Вие одлучувате за иднината на вашето семејство и нашиот Охрид.
На 17 ти октомври да го заокружиме бројот 12, да го избереме Константин Георгиески за градоначалник и да избереме силно мнозинство во општинскиот совет!
На 17 ти октомври заедно со Вас да донесеме уште една голема победа за Охрид!, истакна на денешната прес конференција кандидатот за советник од СДСМ , проф.д-р Деса Косаркоска.