Изјавата на Димитар Вељаноски во која вели дека нивна цел е без нив да не може да се формира мнозинството во советот е јавно признавање на целта заради која е формирано Охрид пред се . Да се клучен глас во формирањето на мнозинството , а со тоа да може да ги постават барањата за бизнисите на оние кои ја направија листата Охрид пред се .
Јас мислев дека влегвите во совет за да допринесете нешто повеке за градот , така и од почеток ви беа изјавите .
Ама ваша цел била да нема мнозинство без вас , за да уценувате да продолжит криминалот од времето на Петрески.
Неможам да сватам луѓе што ги створила партијата тоа што се денес ви дала можност да бидете пратеници , советници , директори , створиле од “сејлаци” – бизнисмени , за денес да му свртите грб на партијата е тоа е “ОХРИД ПРЕД СЕ” – ке ве разберет сите кој порано кој покасно .
Вие ги предадовте и ги заборавивте тие што ве напраја “луѓе” а не пак обичниот народ што ке ве гласат вас. Ќе ги заборавите уште вечерта кога ќе се затворат избирачките места во 19 часот.
И на крај. Вашите активисти кои шират верска и национална омраза кон нас Египќаните по Фејсбук се ваша слика плус на ова што сакате да уценувате.
Може да не нарекуваат Ѓупци , да пишат дека сме биле вакви или такви, ама ние барем имаме различна цел. Нашата цел е нашиот народ Египќаните ( по ваше Ѓупци) да се издигне погоре и да стане рамноправен со другите , а вашата цел ја кажа синот на Митре – Мнозинство во Советот за уцени и бизниси, поточно пари.
Арбен Демироски БЕНО