ОХРИД ДОБИ НА ВЛАДЕНИЕ ФОТОГРАФИИ ОД ПОЗНАТИОТ ФРАНЦУСКИ ФОТОГРАФ ГИ ФУЛОН

Охрид и Подрачната единица на државниот архив деновиве добија на подарок фотографии од познатиот  француски фотограф,  Ги Фулон.

Дел од шеесеттината фотографии ќе бидат изложени во  охридскиот архив. На дел од нив се доловени убавините на нашиот Охрид, а на останатите убавините на Париз, родниот град на Фулон. Овој вреден подарок , градот го добива благодарение на охриѓанецот Петар Боев кој негува долгогодишно пријателство и  соработка со авторот.

Ги Фулон за охридската јавност станува познат во 2007 година кога ја одржува својата самостојна изложба во ЦК „Григор Прличев“

  • Љубопитноста кон откривање нови видици го доведува дури во нашите краишта. Не со воз, не со автобус ами на веспа тргнува  од родната Франција  кон Балканот, еден за него сосема поразличен свет  во сега веќе далечната 1954 година. Тогаш, а можеби и порано разбрал за убавините на Охрид и решил наредната 1955 да го посети ова мало место , за кое чул дека претставува неоткриен трезор  преполн природни убавини, културни и историски реткости и гостопримливи домаќини… – ќе рече познатиот  публицист и охридски хроничар Владо Жура на изложбата во   2007 година, додавајќи дека   на неговите слики е забележан исушен  чатал од некое дрво над Канео , стари цркви, зданија архитектурни,  размуабетени старци в парк , сцени од верски обичаи, пазарџии, занаетчии. Миг од животот кој молскавично минал крај нас.
Ги Фоулон со сопругата Јорданка и охридскиот хроничар г. Владо Жура на отворањето на изложбата, август 2007 г.

За пошироката македонска јавност овој истакнат француски уметник е познат од далечната 1999 година кога  преку Францускиот културен центар ја  одржува својата изложба „Македонија – Франција“ во Даут Пашиниот Амам во Скопје.

Фотографии од Ги Фулон во Државен архив – Подрачна единица Охрид