Денес ФБ страната Охриѓани спроведе анкета на која се гласаше за актуелните кандидати за градоначалници на Охрид кои се пласираа во вториот круг.
Резултатот е 1.400 за Кирил Пецаков спредма 1.100 за Константин Георгиевски.
Но ако се погледне кој редел лајкови на постот може да се види дека за кандидатот Пецаков гласале профили од Индија, Мексико, арапскиот свет, Бразил и други латиноамерикански држави.
Кој толку се заинтересирал за изборите во Охрид во Латинска Америка, Индија и арапскиот свет не е јасно.