🆕Реконструираната улица „Јане Сандански“ добива сообраќајна сигнализација по сите современи стандарди. Покрај основната хоризонтална сигнализација, обележани се велосипедски патеки од двете страни на коловозот, а предвидено е поставување и на соодветна вертикална сигнализација.
👍Со овие активности целосно се комплетира проектот за реконструкција на оваа важна сообраќајница во Охрид. Вредноста на инвестицијата е околу 33 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.