Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид, Константин Георгиески во вчерашната емисија „Објектив“ на МРТ истака дека во досегашниот тек на камапањата ги претставиле своите прогресивни политики, ги презентирале досегашните успеси и визиите во однос на сите битни и горливи прашања за Охрид, наспроти политичкиот противник кој не покажал јасен став и конкретен план за развој.
-Во досегашниот тек на кампањата и во првиот круг на локалните избори, факт е дека во Охрид и на територијата на цела држава народот испорача одредено незадоволство од политиките на СДСМ. Мислам дека пораката е примена и ќе се работи во иднина на подобрување и подостапност на сите тие политики и поголема комуникација со граѓаните, рече Георгиески.
Тој очекува дека граѓаните кои се неопределени ќе имаат голем придонес во конечниот резултат на 31-ви октомври.
Георгиески истакна дека неговиот адут во вториот круг на изборите се вистинските заложби за решевање на проблеми, легализам, почитување на законите и многу работа.
-Очекувам сите граѓани да ги препознаат вистинските политики, да препознаат вистински дела наместо фиктивни и замислени проекти. Дела што само за две и пол години се зад мене, од улици до инфраструктура, раздолжување на општината, инвестиции во образованието. Мислам дека луѓето ќе го препознаат тоа, рече Георгиески, потенцирајќи дека како градоначачник и во иднина секогаш ќе го слуша гласот на народот и ќе работи во интересите на Охрид.